Шкотска се „тресе“: Ако не дадат гол во првите 25 минути во Скопје - уриваат негативен рекорд стар 154 години!
Шкотска го постигна последниот гол пред шест натпревари, додека нивната серија без погодок изнесува дури 607 минути, па имаат „само“ 25 минути да се спасат од неславен рекорд на гостувањето во Скопје.
Ниту Македонија не е во подобра позиција пред мечот в сабота затоа што нашата репрезентација нема постигнато натпревар на шест дуели по ред и потврди дека се наоѓа во сериозна криза во нападот. Македонските фудбалери го постигнаа последниот гол на 18 ноември 2025 година против Велс.
Натпреварот меѓу Македонија и Шкотска се игра в сабота на Националната арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот.
Фото: Scotland National Team/Facebook