Реал Мадрид достави илјадници докази против Барселона за случајот „Негреира“
Шпански „АС“ објави дека „кралевите“ доставиле дури 50.000 страници документи, како и други докази и изјави поврзани со случајот, а УЕФА официјално потврди дека ја примила документацијата и ќе ги разгледаат како дел од постапката.
Ова ќе предизвика нова драма во Шпанија поради случајот со исплатите на Барселона кон компании поврзани со Негреира во период од 2001 до 2018 година, а се споменува сума од над осум милиони евра.
Барселона веќе соопшти дека исплатите биле поврзани со добивање совети, но и технички извештаи за судењето, меѓутоа Реал Мадрид побара да продолжи постапката и посочи дека овој потег на нивниот вечен ривал може да има последици врз интегритетот на натпреварувањето.