Нова истрага против Манчестер сити: Со договорот на Манчини избегнал да плати данок!

Манчестер сити се соочува со големи проблеми откако независната комисија на Премиер лигата утврди дека биле прекршени финансиските правила, а сега во центар на внимание е и договорот на клубот со поранешниот тренер Роберто Манчини.

Анализата на британска организација тврди дека спорниот договор со Манчини на Сити му овозможил да избегне плаќање на данок во Велика Британија во висина од 12 милиони фунти.

Станува збор за ангажман во кој дел од приходите на Манчини биле исплаќани преку консултантски договор со Ал Џазира, клуб која е поврзан со сопственичката структура на премиерлигашот.

Според анализата, доколку овие исплати всушност претставувале заработка на Манчини од неговата работа во Манчестер Сити и за нив требало да се плати данок во Велика Британија, што сугерира дека гигантот го оштетил буџетот за околу 12 милиони фунти.