Фудбалерите до 17 години со гол во 91. минута се спасија од пораз портив Луксембург

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ремизираше 1-1 против Луксембург во вториот пријателски натпревар во Струмица.

Првото полувреме од дуелот донесе мирна игра без многу прилики, а резултатот беше отворен дури во 89. минута кога гостинската селекција стигна до водство. Но, тоа не ги откажа нашите млади фудбалери кои две минути подоцна го израмнија резултатот.

Херој во тензичното реми беше Илија Аксентиев кој одлично реагираше по една нафрлена топка и во премиерлигашки стил го постави конечниот резултат.

Претходно на првата контролка која ја одигравме бевме подобри од Луксембург со 4-1, а на овој дуел селкторот Исејни им даде можност и на повеќе фудбалери кои не настапија во тој дуел.

Македонија до 17 години: 12. Димитар Петров, 3. Михајло Павлов, 4. Стефан Стефаноски, 10. Павел Стојанов, 13. Леарт Исеини, 14. Ејсер Фетаи, 17. Огнен Сивевски, 18. Рон Мемеди, 20. Боби Недановски, 23. Благоја Седлоски, 24.  Огнен Јаков;

1. Илан Мемети, 22. Петар Талески, 2. Адриан Велески, 5. Матеја Масев, 6. Амар Акики, 7 Александар Полимац, 8 Дардан Адеми, 11 Марин Крстевски, 15 Илија Аксентиев, 16 Матеј Николов, 19 Далибор Марковиќ, 21 Аулон Куртиши;