Наполи го совлада шампионот Бург, солиден настап на Јакимовски

Кошаркарите на Наполи успеаја да слават со 84-76 против актуелниот шампион во Еврокупот, екипата на Бург во првото коло од елитното натпреварување.

По големата борба во првите 10 минути (19-17), Наполи се разигра и стигна до предност од 47-37 на полувреме.

Наполи на стартот на вториот дел ја контролираше играта и го зголеми водството на „плус 15“, по што Бург во завршницата се бореше да избегне катастрофа и на крајот намали на 76-84.

Македонскиот кошаркар имаше солиден настап за Наполи и за 22 минути поминати на теренот постигна 11 поени, четири скокови и една асистенција.

Фото: Facebook/Aquila Basket Trento