Панатинаикос немаше милост: „Македонецот“ Сестина и Асвел прегазени во Атина!

Кошаркарите на Панатинаикос остварија убедлива победа над Асвел (102-79) во второто коло од Евролигата, а солидна ноќ имаше Американецот со македонски пасош Нејт Сестина.

Грчкиот гигант тргна фуриозно во мечот и ја доби првата четвртина со 25-13, додека до полувреме разликата се зголеми до 56-34.

Доминацијата на Панатинаикос продолжи и во вториот дел, па нивната предност постојано растеше до конечни 102-79.

Најефикасен во победничкиот тим беше Франциско со 19 поени, два скока и три асистенции, додека на спротивната страна блесна македонскиот репрезентативец Нејт Сестина. Американецот го заврши дуелот со 14 поени, два скока и три асистенции.

Фото: Facebook/LDLC ASVEL