Катастрофално полувреме за битолчани: Пелистер ѝ даде само осум гола на Ла Риоха

Ракометарите на македонскиот вицешампион Пелистер имаат полувреме за заборав на првиот меч во Европската лига бидејќи губат со 8-16 од Ла Риоха на паузата.

Проблемите за битолчани почнаа од самиот старт, додека Ла Риоха успешно го градеше водството и ја зголемуваше предноста на гостувањето во Битола.

Пелистер го заврши првиот дел од мечот со само осум голови, додека Ла Риоха постигна двојно повеќе.