Шок во Португалија: Роналдо направил хаос пред мечот со Данска

Португалскиот капитен Кристијано Роналдо направил нов хаос пред натпреварот против Данска, и тоа откако селекторот Жорж Жесус најави дека немал проблеми со фудбалерот и тој ќе биде резерва на следниот меч.

 „А Бола“ пишува дека Роналдо го напуштил стадионот „Паркен“ во Копенхаген и трет ден по ред не тренирал со екипата. Според медиумот, Португалецот го напуштил стадионот во црно комби на Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Ова доаѓа по изјавите на Жесус на прес-конференција дека сè е во ред со Роналдо и тој бил присутен на тренинзите.

Фото: Facebook/Seleções de Portugal