Руни бара жестока казна за Манчестер Сити: Исфрлете ги во најнизок ранг!

Поранешниот фудбалер Вејн Руни даде предлог-казна за случајот кој се води против Манчестер сити, откако премиерлигашот беше прогласен за виновен за прекршување на 114 од 115 точки од финансискиот фер-плеј.

Руни смета дека Руни треба да биде исфрлен во најнизок ранг, со дополнителни финансиски рестрикции кои ќе му го отежнат функционирањето на гигантот во следните сезони.

„Би ги испратил во најлошата лига, а потоа ќе им воведам ограничувања колку можат да потрошат во следните три или четири сезони“, кажа Руни.

Манчестер сити најави дека ќе се жали за случајот, по што треба да биде познато дали ќе остане обвинението и каква казна ќе добие поранешниот англиски шампион.