Пелистер ја почнува европската авантура: Ла Риоха гостува во Битола!
Тренерот на Пелистер, Лино Червар ги избра ракометарите кои ќе бидат во конкуренција за вечерашниот меч, а надвор од тимот останаа Давид Брестовац, Миха Котар, Малик Татар и Диего Басанесе.
Червар пред натпреварот кажа дека дефанзивата треба да биде клуч за успехот на терен, но исто така очекува голема помош од публиката која вечерва ќе биде во салата во Битола.
Натпреварот меѓу Пелистер и Ла Риоха се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ од 20.45 часот.
