Олеснување во Барса: Рафиња ја напушта репрезентацијата

Рафиња предвреме ќе ја заврши репрезентативната пауза и ќе се врати во Барселона, откако медицинските прегледи покажале дека нема сериозна повреда.

Според информациите на бразилскиот „Глобо“, кај фудбалерот е забележан само благ оток предизвикан од удар, поради што стручниот штаб на Бразил одлучил да не ризикува со негов настап на следниот натпревар.

Рафиња нема да патува со репрезентацијата во Индија за пријателскиот натпревар, туку ќе се врати во Барселона, каде што ќе продолжи со рехабилитацијата и ќе биде следен од медицинскиот тим на каталонскиот клуб. Бразилскиот репрезентативец настапи на последниот натпревар на својата селекција, но поради непријатност мораше да биде заменет. Првичните прегледи не покажале оштетување на мускулот, туку само оток на местото каде што добил удар.

Одлуката да не патува во Индија е донесена од претпазливост, со цел Рафиња да не ризикува дополнително влошување на состојбата. За Барселона ова се добри вести, бидејќи засега нема индикации дека фудбалерот ќе мора да паузира подолг период. Сепак, неговата состојба ќе биде следена во наредните денови по враќањето во клубот.