Хапоел победи во Белград, втор пораз за Звезда во Евролигата

Кошаркарите на Црвена звезда го запишаа и вториот пораз на стартот од новата сезона во Евролигата. Белградскиот тим вечерва на домашен терен загуби од Хапоел со минимални 80-81.

По неуспешниот старт против Жалгирис, Звезда повторно остана со празни раце пред своите навивачи. Гостите од самиот почеток наметнаа свое темпо и беа подобар противник, што го потврдија и по првите десет минути. Хапоел ја доби првата четвртина со 28-18.

Домашниот тим реагираше во вториот период и успеа да направи пресврт. Со серија поенти Звезда стигна до 35-34, но тоа беше единствениот момент во натпреварот кога имаше предност. Хапоел брзо се врати во ритам и до полувремето повторно изгради двоцифрена разлика 45-35.

Во второто полувреме сценариото не се промени значително. Звезда неколкупати успеваше да се доближи на четири-пет поени негатива, но немаше доволно енергија за целосен пресврт.

Во последната четвртина домашните влегоа со осум поени заостанување (59-67), а во драматичната завршница имаа шанса целосно да се вратат во игра. Сепак, Хапоел издржа до самиот крај и го однесе триумфот од Белград со 81-80.

За Црвена звезда ова е втор пораз во исто толку натпревари во новата сезона од Евролигата.