Мурињо пропуштил да ја исполни својата најголема желба за да му помогне на Реал
Сепак, во истиот период пристигнал повик од Флорентино Перез. Реал Мадрид минувал низ тежок период, а претседателот на клубот сметал дека Мурињо е човекот кој може да помогне во стабилизацијата на екипата.
Мурињо на крајот ја избрал понудата од Мадрид, оставајќи ја зад себе опцијата да стане селектор на Португалија. Според „АС“, одлуката била поврзана и со долгогодишниот однос и довербата што ги има со Перез. За да го ангажира Мурињо, Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула во неговиот договор со Бенфика. Клубот официјално потврди дека Португалецот се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша договор до 30 јуни 2029 година. Португалската федерација потоа се насочила кон Жорже Жезус, кој ја презел репрезентацијата. Ова не е првпат Португалија да се обидува да го ангажира Мурињо.
Уште во 2012 година федерацијата сакала тој паралелно да ги води Реал Мадрид и националниот тим, но тогаш раководството на мадридскиот клуб не ја одобрило идејата.