Maнчини ги шокираше газдите на Сити, призна дека работел со два договори!
Актуелниот предводник на Италија потврди дека во времето додека работел во Манчестер имал двоен договор.
„Тоа не е проблем што се однесува на мене. Во секој случај, тоа не е ништо ново, бидејќи секои четири или пет години повторно се појавува. Манчестер Сити не е виновен, а фактот дека имав двоен договор не е мој проблем, туку веројатно нивни“, изјави Манчини на прес-конференцијата пред натпреварот со Турција.
Информациите за два договори првпат се појави уште во 2018 година тогаш германски „Дер Шпигел“ повикувајќи се извори од аферата „Фудбал Лекс“ тврдеше дека Манчини освен со Сити имал договор со клубот Ал Џазира од Абу Даби кој е поврзан со првиот човек на англискиот гигант, шеикот Менсур.
Според тогашните информации, Манчини добивал плата од Сити во износ од 1.45 милиони фунти, додека од Ал Џазира каде што формално имал улога на советник инкасирал уште 1.75 милиони фунти годишно.