Втор пораз во четвртиот натпревар за Ангеловски со Таџикистан
На натпреварот кој се играше на неутрален терен во Кина избраниците на Ангеловски го претрпеа вториот пораз во низа, пред три дена загубија и во Баку од Азербејџан.
На денешниот дуел Палестина постигна два гола во првото полувреме за водство од 2-0 на паузата. Второто полувреме донесе по два погодоци и на двете страни за конечни 4-2.
Прилика за поправање на впечатокот Таџикистан и Ангеловски ќе имаат на 6 октомври кога ќе се соочат со селекцијата на Кина. Ангеловски на клупата на Таџикистан има уште по едно реми (1-1) и победа против Индија (3-1) исто така во пријателски натпревари.