Се чека првиот отказ во Премиер лигата, четворица се најголеми фаворити
Дефинитивно, прв на удар е Роберто Де Зерби. Не само што има очаен старт со Тотнем, туку добива критики и од своите колеги, поранешни соиграчи, фудбалски стручњаци и сите оние кои го сакаат клубот. По пет кола лондонскиот клуб има учинок од само две нерешени средби и само два постигнати гола, навистина очаен почеток за тим кој најмногу потроши во летниот преоден рок.
Покрај него, и Алваро Арбелоа во Фулам чувствува притисок, бидејќи неговиот тим има сличен учинок, но само три гола повеќе. Да додадеме и дека имаа победа во раце против Манчестер Јунајтед, па тука има позитивни знаци дека може да дојде до подобра форма и шпанскиот стручњак да остане на чело на овој тим.
Незадоволство владее и во Палас, Пјер Саж е на удар поради слабите резултати, а истата ситуација е и во Манчестер Јунајтед, каде што Мајкл Керик има сè помалку кредит. Можеби Саж е под поголем притисок бидејќи не покажа харизма, ниту тактички замисли кои функционираат, па многумина му предвидуваат дека би можел многу брзо да биде отпуштен.
Останатите се сигурни, особено Мареска, Мојс, Артета, Емери, Ле Брис, Глазнер, Гери О'Нил, Чаби Алонсо, Матијас Јајслe, Андони Ираола, Сергеј Јакировиќ, Фарке...
Значи, првиот тренер кој ќе добие отказ треба да се бара меѓу четворицата: Де Зерби, Керик, Саж или Арбелоа.