„Гаштаров покажа како треба да се игра за Македонија - со срце и борбено до крај!“
Гаштаров доби шанса од првата минута на теренот против Швајцарија, а Седлоски кажа дека ги исполнил неговите задачи.
„Презадоволен сум од Гаштаров кој покажа како треб да се игра за Македонија со срце и борбено од почеток до крајот“, кажа Седлоски.
Македонија следниот меч го игра на гостински терен против Словенија на 29 септември од 20.45 часот.