Томовски со 16 одбрани блесна за Битигхајм во поразот од Магдебург!

Македонскиот голман Мартин Томовски беше неверојатен во поразот на Битигхајм од Магдебург (24-33).

Германскиот шампион доминираше во натпреварот и испрати 49 удари кон голот на Битигхајм, при што Томовски запиша дури 16 интервенции.

По шест одиграни натпревари, Битигхајм се наоѓа на 15. позиција со пет порази и еден триумф.

Фото: SG BBM Bietigheim /Facebook