Четирите најсилни лиги во Европа удрија по ФИФА - Бараме големи реформи!

Четирите најсилни фудбалски лиги во Европа заеднички побарале темелни промени во начинот на управување на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Англиската Премиер лига, германската Бундес лига, италијанската Серија А и шпанската Ла Лига сметаат дека клубовите, лигите и останатите мора да имаат поголема улога во носењето на одлуки на ФИФА.

Во заедничко соопштение тие побараа посилни механизми за контрола во ФИФА, а ова доаѓа по контроверзите околу проектот со приватни инвеститори на претседателот Џани инфантино.

„Мундијалот можеби е врв на нашиот спорт, но темелите на фудбалот од недела во недела, на полни стадиони, го одржуваат посветени фудбалери, навивачи, клубови и лиги ширум светот“, се вели во соопштението.

Раководствата на четирите лиги тврдат дека се згрозени поради проблемите во управувањето на ФИФА во изминатиот период и ја обвинија управата дека промовирала идеи кои биле штетни за фудбалот.

Четирите лиги бараат да се воспоставо регулаторно тело во кое ќе бидат застапени и национални сојузи, лиги, клубови и играчи од машкиот и женскиот фудбал.