Напаѓачот кој „сечеше глава“ ја доби казната
На натпреварот меѓу Монако и Стразбур на 12 септември, Парис Брунер постигна гол за израмнување, кој, како што се покажа, беше и конечни 1-1.
Откако топката заврши во мрежата, Брунер истрча кон навивачите и со раката направи гест како да „пресекува“ врат.
Поради овој гест, против него беше отворена постапка од Дисциплинската комисија, која одлучи да го казни со суспензија од два натпревари, плус уште два натпревари условно.
Така, 20-годишниот напаѓач ќе ги пропушти натпреварите против Тулуз и Лориен. По натпреварот, тој изјави дека бурно реагирал бидејќи навивачите на Стразбур ги навредувале и него и неговото семејство, но истовремено се извини за својата прослава.
Брунер ја започна сезоната на одличен начин, постигна четири гола на првите пет натпревари, додека Монако е лидер на табелата со 13 бодови.