Трето злато за сензационалата Ју Зиди, 13-годишно чудо повторно беше блиску до светски рекорд! (ВИДЕО)

13-годишната пливачка од Кина, Ју Зиди продолжува да воодушевува со своите настапи на Азиските игри каде што денеска стигна до својот трет медал.

„Кинеското чудо“ на трката на 400 метри победи со време од 4:28.56 со што серизоно се доближи и до светкиот рекорд на Канаѓанката, Самер Мекинтош кој изнесува 4:23,65.

Претходно со победата на 200 метри мешано таа го исплива второто најдобро време во историјата во оваа категорија, а исто така беше најбрза и на 200 метри пеперутка.

Така уште сега може да се најават интересни дуели помеѓу Ју Зиди и Мекинтош кои би можеле да ги гледаме веќе следната година на Светското првенство Будимпешта, но потоа и на Олимписките игри во Лос Анџелес година подоцна.