Салах направи туристичка атракција во Турција (ВИДЕО)

Популарноста на Мохамед Салах во Турција е огромна, а тоа го покажува и зголемениот број на туристи во Трабзон, а во претходните денови посебна атракција стана камен на кој се фотографираше Египќанецот.

Сè почна откако Салах на социјалните мрежи објави фотографија направена на една карпа во Трабзон, а тоа беше доволно од местото да се направи туристичка атракција.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се забележи како луѓе чекаат ред за да се фотографираат на местото каде што се појави Салах.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)