После се чудат зошто губат: Фудбалерите на Реал трчаат најмалку во Ла Лига (ФОТО)
Играчите на Реал во просек поминуваат 83,46 километри по натпревар, што е најмалку од сите екипи во Ла Лига. За споредба, Барселона во просек истрчува 104,64 километри по натпревар, а сепак се наоѓа на второто место во оваа категорија. Тоа значи дека каталонскиот гигант во просек трча повеќе од 21 километар по натпревар во однос на својот најголем ривал.

Бројката е особено интересна ако се има предвид дека станува збор за два тима со највисоки амбиции во шпанскиот фудбал. Разликата во физичкиот интензитет отвора прашања за движењето без топка, пресингот и колективниот ангажман на играчите на Реал. Стручниот штаб на мадридскиот тим за досегашните лоши резултати ги обвинуваше судиите, но време е вината да ја побара во своите редови и скапо платените ѕвезди кои, очигледно, не се борат доволно за клупскиот грб.
На првото место во оваа статистичка категорија се наоѓаат фудбалерите на Елче, тим кој е при дното на табелата, но нема сомнение дека на врвот ќе избие Атлетик Билбао кој има натпревар помалку, а заостанува околу два километри зад екипата од Аликанте.