Охрид, Алкалоид и Бутел денеска ќе ги дознаат противниците во ЕХФ Купот

Македонските претставници во ЕХФ Европскиот Куп, екипите на Охрид, Алкалоид и Бутел денеска ќе ги дознаат противниците во второто коло од натпреварувањето.

Во втората рунда од ЕХФ Купот ќе настапат 64 тимови, а на ждрепката ќе важи правилото дека две екипи од иста држава не можат да се соочат меѓусебе.

Ждрепката за второто коло од ЕХФ Купот ќе се одржи денеска од 11 часот, по што македонските екипи ќе ги дознаат ривалите.

Првите натпревари се играат на 17 и 18 октомври, додека реваншите се закажани за 24 и 25 октомври.