Загина светски рекордер во велосипедизам – со голема брзина удрил во елен!
Тој загина на 15 септември за време на тренинг на панорамскиот пат недалеку од Салцбург каде што живееше, откако при голем брзина се судри со елен. Тешко повредениот велосипедист бил пронајден од жена која поминувала со автомобил и веднаш повикала помош. На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари, лекари и спасувачки хеликоптер, но за Ризе немало спас и тој починал на самото место.
Силината на ударот ја потврдува и фактот што неговиот велосипед бил практично целосно уништен. На облеката на Германецот биле пронајдени животински влакна, додека потрагата по повредениот елен не дала резултати, поради што е ангажиран стручњак за да го реконструира целиот настан. Посебно потресен е податокот дека трагедијата се случила на делница која велосипедистот одлично ја познавал и која ја возел стотици пати.
Ризе припаѓаше на самиот светски врв во ултравелосипедизмот, спорт во кој минатата година постави светски рекорд во „Трипл Еверестинг“. На Гајсберг кај Салцбург тој дури 95 пати се искачи до врвот и назад, совладувајќи вкупно 26.553 метри нагоре за нешто повеќе од 37 часа.