Мурињо бесен поради судењето во дербито, покажуваше фотографии (ВИДЕО)

Жозе Мурињо по поразот од 2-1 на гостувањето кај Атлетико, на стадионот „Метрополитано“, одржа прес-конференција на која изнесе низа тешки обвинувања на сметка на Судијската комисија.

Мурињо веднаш уште веднаш на почетокот покажуваше испечатени фотографии од стартовите на Кути Ромеро и Канг-ин Ли, кои ги нарече чисти црвени картони и со тоа го започна своето излагање. 

Португалскито стратег изрази сомнеж во процесот на избор на судијата за натпреварот.

„Судиската комисија мора да биде среќна бидејќи сето ова беше многу чудно“, рече тој и додаде дека судијата за дербито бил познат една недела однапред, наместо вообичаените 24 часа.

Особено критичен беше кон главниот судија.

„Поставуваат судија кој на 41 година нема меѓународен статус... тоа сигурно не е затоа што е врвен судија. Кутриот дојде тука и не издржа под притисокот“, изјави Мурињо.

Потоа се осврна на ВАР-судијата Трухиљо Суарез.

„Господинот Трухиљо има многу богата историја како ВАР-судија на натпреварите на Реал Мадрид. За кутриот главен судија може да се каже дека нема искуство ниту авторитет за дерби, но овој господин во ВАР-собата нема никаков притисок.

Или можеби има, а ние тоа не го знаеме“, порача Мурињо.

На крајот заврши со иронична честитка:

„Оваа комбинација од неискусен судија и господинот од ВАР со таква историја... па, честитки до Судијската комисија.“