Митровски повторно стрелаше, но Олимпија загуби од Браво (ВИДЕО)
Браво прво постигна гол, и тоа преку Санди Нухановиќ во 28. минута од пенал, по што Митровски во судиското надополнување стрелаше за 1-1. Голот може да се погледне ТУКА.
Нухановиќ повторно од пенал во вториот дел успеа да погоди за предност од 2-1 на Браво, кој успешно се бранеше од нападите на Олимпија.
Екипата на Браво останува кошмар за Олимпија бидејќи веќе има шест победи по ред во меѓусебните средби.
Фото: Facebook/NK Olimpija Ljubljana