Керик ги изнервира навивачите: „Загубивме два-три натпревари, не е крај на светот“
Јунајтед по шест меча во сите натпреварувања има само две победи – против Ипсвич и Сабах – а претрпе и три порази. Последните два беа особено болни, бидејќи „ѓаволите“ загубија од Манчестер Сити во Премиер лигата и од Брајтон во Лига-купот и тоа на „Олд Трафорд“. Против Брајтон тимот на Керик имаше предност од 2-0, но на крајот доживеа пресврт и елиминација.
Поради слабите резултати, веќе се појавија шпекулации за иднината на менаџерот, но тој вели дека воопшто не размислува на таа тема.
„Го познавам клубот, знам која е мојата улога и знам што се очекува од мене кога станува збор за начинот на игра и резултатите на теренот. Сето тоа го разбирам. Што се однесува до иднината и тоа колку долго ќе бидам на оваа позиција, воопшто не размислувам за тоа. Смешно е да се размислува така во позицијата во која се наоѓам. Тоа едноставно не ми е на радарот“, изјави Керик.
Тој признава дека поразите го разочаруваат, но смета дека нема причина за паника по само шест одиграни натпревари.
„Тоа се два или три натпревари. Премногу се, бидејќи навистина мразам да губам, но тоа не значи дека е крај на светот. За некои можеби е така, но не и за нас“, порача тренерот на Јунајтед.
Керик дополнително нагласи дека неуспешниот почеток не го менува неговиот став кон работата во клубот.
„Не би сакал да бидам на друго место. Ова е најдоброто место за мене, делумно и поради моментите кога работите можеби не одат според планот. Понекогаш токму тогаш се најдобрите моменти да поминете низ проблемите, да научите нешто и да излезете многу посилни“, заклучи Караик.