Баерн го распарчи Унион Берлин, шоу на Кејн и Олисе!

Баерн Минхен го совлада Унион Берлин со убедливи 7-0, во натпревар во кој Хари Кејн и Мајкл Олисе беа главни ѕвезди.

Мусиала погоди за 1-0, а Кејн од пенал го постигна својот 100. гол во Бундеслигата по само 98 натпревари, поставувајќи нов рекорд. Олисе потоа зголеми на 3-0, а Кејн уште еднаш стрелаше во вториот дел.

Саибари погоди за 5-0, по што следуваше шоу на Олисе. Французинот постигна уште два гола и со хет-трик го постави конечните 7-0.

Фото: Facebook/FC Bayern München