Франција почнува нова ера: Зидан повика пет дебитанти и отпиша две ѕвезди!
Зидан повика пет фудбалери кои досега немале настап за сениорската репрезентација на Франција. На списокот се најдоа Жереми Жаке од Ливерпул, Енди Диуф од Интер, Лука да Куња од Комо, Естебан Лепол од Рен и голманот Гијом Рест од Тулуз.
Килијан Мбапе останува капитен на „триколорите“, додека Зидан реши да направи простор и за некои нови имиња.
Меѓу позвучните имиња кои ги нема на списокот се Нголо Канте и Карим Бензема, а Зидан посочи дека му биле потребни помлади фудбалери во моментов во репрезентацијата.
Франција во новата ера со Зидан ја очекуваат четири натпревари во период од само 15 дена.