Жесус го повика Роналдо, но му порача: Исти си како и останатите!

Селекторот на Португалија, Жорге Жесус денеска го објави списокот за Лигата на Нации каде што повторно се најде Кристијано Роналдо кој ќе биде во националниот тим и со 41 година.

Новинарите на прес-конференцијата ги интересираше и статусот кој Роналдо ќе го има кај Жесус:

„Важен е неговиот учинок. Минатото не се брои. Кристијано е играч како и сите останати. Ако игра добро, ќе игра, а ако не игра добро, нема да игра. Тој има посебен статус и има освоено пет „Златни топки“. Дали тоа влијае врз моите одлуки? Апсолутно не. Дали тој е поинаков играч? Апсолутно да“, изјави Жезус.

Роналдо со настапите за Португалија на Мундијалот доби и многу критики за неговиот слаб придонесе, многумина сметаа и дека неговото присуство во овие години само ја „кочи“ репрезентацијата.

Како ќе биде во Лигата на Нации каде што Португалија ја брани титулата останува да видиме.