Прв список на новиот португалски селектор, Роналдо и понатаму е тука (ФОТО)

Жорге Жезус го објави првиот список откако ја презеде португалската репрезентација, а на него се најде и Кристијано Роналдо. Легендарниот Португалец така продолжува со репрезентативните настапи и на 41 година и ќе ја предводи својата селекција во одбраната на трофејот во ЛИгата на Нации.  

Роналдо и по Светското првенство јасно стави до знаење дека не планира да го затвори репрезентативното поглавје, па ова е само потврда на таа негова изјава, очиглендо ќе ја има и поддршката на новиот предводник на Португалците.

Жезус во јули го наследи Роберто Мартинез, а тогаш најави дека на почетокот нема да прави големи промени во тимот и на овој список останаа најголем дел од репрезентативците кои беа стандардни.

Португалија првиот натпревар го играат дома на 24 септември против Велс, три дена подоцна гостуваат на Норвешка, па кај Данска на 1 октомври и прозорецот го завршуваат со домашниот натпревар со Норвежаните на 4 октомври.