Пораз на Раул и Партизан против Порто, Барселона го надигра Монпелје
Порто го диктираше темпото од самиот почеток, па првото полувреме го доби со 17-14, иако во еден момент имаше и „плус шест“ (15-9).
Партизан во вториот дел не успеа да го скрши отпорот на ривалот и да внесе неизвесност, иако намали на 25-27, по што Порто успешно ја зачува предноста и славеше со 32-28.
Барселона тргна подобро во мечот против Монпелје, но домаќините успеаја да направат пресврт и да поведат со 11-9. Сепак, шпанскиот клуб до полувреме стигна до водство од 18-15.
Монпелје внесе неизвесност во финишот на натпреварот, меѓутоа Барселона успеа да слави со 28-27. Најефикасен во победничкиот тим беше Дика Мем со пет голови, додека Вилемино запиша седум погодоци на спротивната страна.
На останатите натпревари, Магдебург го надигра Криенс со 39-29, додека Скандерборг ремизира со Динамо Букурешт (25-25).
Фото: Facebook/RK Partizan