Мелсунген падна во Полска: Висла по голема драма ги освои бодовите
Двете екипи водеа голема борба од самиот почеток на натпреварот, а првото полувреме му припадна на бундеслигашот со 15-13.
Висла Плоцк се врати во вториот дел и направи пресврт (18-17), но Мелсунген повторно дојде до предност од два погодоци во завршницата од мечот (24-22).
Домашниот тим не се предаваше и успеа да го скрши отпорот на гостите за на крајот да слави со 25-24.
Најефикасен во редовите на Висла беше Бјер со девет голови, додека Стефансон запиша седум погодоци за Мелсунген.
Во групата Б, Нант е прв со четири бодови, по што следат Мелсунген и Висла Плоцк со по два поени, додека Вардар е без освоен бод.
Алборг претходно во истиот термин успеа да слави против Целје со убедливи 36-26.
Фото: Facebook/ORLEN Wisła Płock