„Каталонците“ во паника: Рафиња го чека неверојатен пат од 34.000 километри

Фудбалерот на Барселона, Рафиња го очекува вистински репрезентативен маратон. Бразилецот во следниот период ќе треба да помине неверојатни 34.000 километри со авион за да настапи за својата репрезентација.

Рафиња е меѓу 26. фудбалери кои Карло Анчелоти ги повика за претстојните пријателски натпревари на Бразил против Австралија и Индија.

Бразил прво ќе игра два натпревари против Австралија – на 25 септември во Таунсвил и на 29 септември во Бризбејн. Потоа следува уште едно долго патување до Индија, каде што на 3 октомври во Калкута Бразил ќе се соочи со домашната селекција. Сето тоа дава 34.000 километри во авион во рамките на оваа репрезентативна тура. 

Во Барселона со внимание го следат распоредот, особено затоа што Рафиња се наоѓа во одлична форма. Бразилецот неодамна постигна три гола против Расинг Сантандер, а по седум настапи сезонава има 11 гола и три асистенции во сите натпреварувања. Дополнителна причина за внимание се неговите претходни проблеми со повреди. Рафиња во текот на 2025/26 имаше повеќе физички проблеми, а една од повредите дојде токму по репрезентативен настап и траеше три месеци.