Рафиња блеска на стартот на сезоната, дури го собори и рекордот на Меси
Со тоа, Рафиња го надмина клупскиот рекорд кој беше сопствеост на Лионел Меси од сезоната 2012/13, кога Аргентинецот постигна 10 гола на првите седум меча.
Бразилецот одлично се снаоѓа и на позицијата најистурен напаѓач, а неговата голгетерска форма му донесе ново место во историјата на Барселона. Во моментов тој е и прв стрелец во шпанското првенство со девет гола, два повеќе од Мбапе и Јамал.
Од досегашните седум меча на Барселона во сите натпреварувања, бразилскиот фудбалер не успеа да постигне гол на само еден.