Голема борба во „Јане“: Вардар има негатива од еден гол на полувреме!

Македонскиот ракометен шамион Вардар има негатива од еден гол (15-16) на полувреме против Нант во дуелот кој се игра во салата „Јане Сандански“.

Вардар го отвори мечот со 3-0 по што Нант се разбуди и влезе во одлична серија за да направи пресврт (12-8).

Скопскиот гигант по шокот успеа да врзе неколку погодоци и да намали на еден гол негатива. Нант повторно го засили темпото и поведе со „плус четири“ (16-12), но „црвено-црните“ успеаја во финишот да намалат на еден гол негатива (15-16).