Меси одбил 500 милиони евра од калчолигаш зашто сакал да се пензионира во Барселона!
Морати испратил соработник од Интер на состанок во Барселона со конкретна понуда, но не успеале да се договорат, а главната причина била желбата на самиот фудбалер кој одбил да ја разгледа понудата и не ни дознал колкава сума му била понудена.
Подоцна, кога двајцата разговарале, Меси наводно му кажал на Морати дека го почитува неговиот интерес и желбата на Интер, но дека неговиот сон бил да ја заврши кариерата во Барселона.
Сепак, планот на Аргентинецот не се оствари. Во 2021 година тој ја напушти Барселона и како слободен играч се пресели во ПСЖ, откако каталонскиот клуб не успеа да го продолжи договорот поради финансиските проблеми.
Потоа имаше шпекулации дека Меси ќе се врати на „Камп Ноу“, меѓутоа тоа никогаш не се оствари, па така Аргентинецот од 2023 година го носи дресот на Интер Мајами.
Фото: Facebook/Selección Argentina in English