Познат составот на Вардар за Нант, отпадна уште еден ракометар (ФОТО)

Познат е составот на Вардар за вечерашниот натпревар против Нант во Лигата на шампионите за кој тренерот Иван Чупиќ се соочува со проблеми во ростерот.

Од претходно беше познато дека ќе ги нема: Милан Лазаревски, Урош Митровиќ и Милан Бомштар, а сега стигна потврда дека отпадна и Жоао Педро да Силва.

Чупиќ на вчерашната прес-конференција изјави дека настапот на Бразилецот е под знак прашалник и очигледно не успеал целосно да се рхабилитира од повредата.

Натпреварот е закажан за во терминот од 18:45 часот, а два часа претходно ќе биде отворена фан зона за навивачите пред салата.