ЕХФ: Скопје е подготвено да ја потсети Европа на македонскиот пекол!

Ракометарите на Вардар денеска од 18:45 часот го играат натпреварот од Лигата на шампионите против Нант кој ќе биде прв по неколкугодишна пауза на македонскиот шампион во ракометната елита.

Враќањето на Вардар преку социјалните мрежи го поздравија и од ЕХФ.

„Вардар се врати и Скопје е подготвено да ја потсети Европа како е во македонскиот пекол. Нант влегува во една од најгласните сали во Лигата на шампионите. Добредојдовте назад во Скопје“, стои во објавата.

За Вардар ова ќе биде прв натпревар во Лигата на шампионите по точно 1.630 дена.