Maлус: Дома немаме пораз повеќе една година, така нека остане и утре

Вардар утре по пет години го игра првиот натпревар дома во Лигата на шампионите, а денеска заедно со тренерот Иван Чупиќ на прес-конференцијата зборуваше Јака Малус.

Според еден од најаважните ракометари во тимот на Вардар, македонскиот шампион е подготвен за предизвикот и влегува максимално со цел да остане непоразен дома. Сепак е свесен дека во Лигата на шампионите нема лесни противници.

„Ќе биде тежок натпревар, тука нема лесни екипи, очекуваме поддршка од навивачите, дома немаме пораз повеќе од една година и сакаме така остане. Мислам дека сме подготвени и влегуваме максимално по првите бодови“, изјави Малус.

Натпреварот помеѓу Вардар и Нант се игра во терминот од 18:45 часот, а два часа претходно ќе биде отворена навивачка фан зона пред „Јане Сандански“.