Чупиќ: Да тргнеме со победа дома, утре сакам да видам конекција со навивачите
Вардар сезоната ја почна со пораз од Мелсунген и сега ќе се обидат на домашен терен да стигнат до првата победа.
„Имаме големи очекувања од првиот натпревар кој го играме дома. Нант е квалитетна екипа и можам да кажам само убави зборови. Сигурно дека сакаме да дојдеме до прва победа. Мора да бидеме претпазливи и од почеток да веруваме. Сакам да видам вистинска конекција меѓу нашите навивачи и ракометарите. Ако победиме утре, тоа ќе ни биде силен ветер во грб за следните натпревари“, порача Чупиќ.
Ќе потсетиме, пред утрешниот натпревар пред салата „Јане Сандански“ ќе биде поставена навивачка фан зона со многу забава и активности која ќе почне во 16:45 часот.