Белград ќе биде домаќин на финале во Лига Европа!

Белград ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Лига Европа во 2029 година, потврди денеска УЕФА.

Одлуката беше донесена на седницата на Извршниот комитет на УЕФА во Солун. Финалниот натпревар од Лига Европа ќе се одигра на 23 мај 2029 година на идниот Национален стадион. 

И покрај застојот, одредени проблеми и помали отпори, европската фудбалска куќа порнашла начин и дала зелено светло за организација на финалниот натпревар од Лига Европа да се организира на овој стадион.

Националниот стадион, со капацитет од 52.000 места, според првичниот план требаше да биде завршен следната година, но сега се очекува тој да биде готов на почетокот на 2028 година. 

Исто така е потврдено и дека домаќин на финалето во Лигата на шампионите истата година ќе биде „Ноу Камп“ чиј капацитет по реконструкцијата ќе собира 105.000 гледачи.