Пуштени билетите за мечот со Словенија - Македонците ќе ја освојуваат Љубљана!
Овој дуел, кој е дел од новиот циклус во Лигата на нации (ЛН), ќе се одигра на 29 септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, со почеток од 20.45 часот. За македонските навивачи е обезбеден посебен гостински сектор на трибините, а цената на еден билет изнесува 1.600 денари. Според првичните проценки, се очекува влезниците да бидат распродадени во многу краток рок, пред сè поради големиот интерес и бројната македонска дијаспора која живее и работи во тој дел од Европа.
Овој натпревар доаѓа во исклучително важен период за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Само три дена пред гостувањето во словенечката престолнина, македонската репрезентација ќе има тежок предизвик на домашен терен, каде ќе ги одмери силите со националниот тим на Швајцарија.