Добра вест за одбојкарите: Капитенот се враќа - подготвен е за најважната битка на ЕП!
Одлична вест за националниот тим е враќањето на капитенот Никола Ѓоргиев, кој го пропушти претходниот дуел со фаворизираната Полска поради помала повреда на грбот, но денеска одработи комплетен тренинг со максимален интензитет и потврди дека ќе биде подготвен за утрешната пресметка.
Натпреварот со Португалија е закажан за утре со почеток во 15 часот. Според Ѓоргиев, одлуката да одмори против полскиот состав била донесена свесно, со цел помладите одбојкари да добијат шанса против светската велесила, а тој да биде целосно рехабилитиран за натпреварите во кои Македонија гледа реални шанси за позитивен резултат и пласман во следната фаза.
„Работев на тренинзите, а вчера не играв на турнирот. Не сакав да ризикувам бидејќи знам дека, со мене или без мене, Полска е голем фаворит. Затоа беше подобро младите да добијат шанса, а за нас сега започнува вистинското на ова Европско првенство. Пред нас е Португалија, репрезентација која е слична на нас. Играат 'здодевна' одбрана, не прават многу грешки и многу префрлаат. Ќе бидеме фокусирани и мораме да играме 'луда' одбрана. Овие два натпревари ќе се одликуваат со долги напади и мораме да бидеме трпеливи бидејќи нема да биде лесно“, изјави капитенот Ѓоргиев.
Македонија досега на ЕП претрпе максимални порази од Бугарија, Украина и Полска.