Премиерлигашки капитен потрошил 300.000 евра за три дена во Лас Вегас на - манекенки!

Поранешниот англиски фудбалер и долгогодишен капитен на Ватфорд, Трој Дини, сподели неверојатни детали од својот приватен живот, откривајќи дека во еден наврати потрошил дури 300.000 евра за само три дена за време на одмор во Лас Вегас.

Напаѓачот, кој за Ватфорд настапуваше 11 години и постигна 140 голови на 419 натпревари, призна дека огромната сума не ја изгубил на коцкање, туку исклучиво на забави. Дини детално ја објасни распределбата на потрошените средства, наведувајќи дека платил 96.000 евра за дневна забава покрај базен, уште толку во утринските часови во хотелот МГМ, како и дополнителни 72.000 евра во текот на ноќта. Во текот на овие забави, тој и неговото друштво биле поканети на настан каде што присуствувале 15 канадски манекенки од познатиот бренд „Викторија Сикрет“.

„Тоа ми го кажа една од девојките, а јас помислив: ‘Фала ти Исусе, сега сум во рајот’. Но, не направив ништо, бев толку многу пијан што мораа да ме однесат до такси“, призна Дини.

Покрај авантурите во САД, поранешниот премиерлигашки играч се осврна и на летото 2023 година, кога одбил исклучително богата понуда за трансфер во Саудиска Арабија. Иако финансискиот аспект бил рекорден за неговата кариера, Дини го одбил договорот поради строгите локални закони кои не дозволуваат невенчани парови да живеат заедно во исто домаќинство.

„Сè уште не сум во брак со мојата партнерка и поради тамошните закони немаше да ми дозволат да живеам во иста куќа со неа и со децата. Тие ќе мораа да живеат во Дубаи, а јас во Саудиска Арабија. Затоа на крајот реков не“, објасни фудбалерот.