„Земјотрес“ во Валенсија - откази добија тренерот, извршниот директор и уште четворица функционери

Вистински земјотрес ја погоди Валенсија! Клубот денеска донесе серија драматични одлуки и потврди дека се разделува со тренерот Карлос Корберан, извршниот директор за фудбал Рон Гурли, како и со уште четворица членови на спортската структура.

Покрај Гурли, откази добија Лисандро Исеј, Ханс Гилхаус, Андрес Замора и Малек Шафеи. Одлуката, според официјалното соопштение, е дел од намерата на клубот да започне нова етапа во организацијата и управувањето со фудбалскиот сектор.

Корберан, пак, ја напушта „Местаља“ по период во кој успеа да го стабилизира тимот, но не го преживеа катастрофалниот старт на новата сезона. Валенсија по пет одиграни кола има само еден освоен бод, се наоѓа на последното место на табелата и загуби четири натпревари по ред. Шпанскиот тренер пристигна во клубот во декември 2024 година, а во досегашниот мандат го предводеше тимот на 72 официјални натпревари. Клубот во соопштението му се заблагодари за професионалноста, посветеноста и работата, како и на неговиот стручен штаб. 

До изборот на нов тренер, првиот тим привремено ќе го води Оскар Санчез, досегашниот тренер на Валенсија Месталја. Валенсија најави дека наскоро ќе ја објави новата структура на фудбалскиот сектор и планот за следниот спортски проект.