Србинот Петровиќ се посрамоти во Премиер лигата, прими гол по аматерски кикс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борнмут и Брентфорд ремизираа 2-2 во денешниот натпревар од четвртото коло во Премиер лигата, а по овој дуел во центарот на вниманието се најде голманот Петровиќ.

Имено, при резултат 2-1 за домаќините, српскиот голман направи аматерски кикс со едно додавање и придонесе Шаде лесно да погоди за израмнвање во 56-тата минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.

Инаку, Бормут летово му доведе сериозна конкуренција на Петровиќ и се засили со Италијанецот Ди Грегорио кој пристигна од Јувентус.