Башкими му даде два гола на Вардар за половина час, Бабунски го врати во живот шампионот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Башкими и Вардар постигнаа три гола за едно полувреме во Куманово, а изненадувачки е што македонскиот шампион губи со 2-1 по првите 45 минути.

Прво Исмаили го отвори резултатот по 20 минути игра кога погоди по еден корнер, а потоа ов 33-тата минута Антонио Силва Рашид преку една контра постигна втор гол.

Во продолжение Вардар успеа да го намали резултатот со гол на Давид Бабунски во 37-та минута.