„Дар од Бога е што во тимот имам фудбалер како Миовски“

Утре во Шкотска се игра големото дерби помеѓу Селтик и Ренџерс, а пред овој дуел тренерот на Ренџерс зборуваше за македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Миовски во финишот од летниот преоден рок се поврзуваше со заминување и изгледаше дека ќе ги промени клупските бои, но на крајот остана. Потоа дојде и повредата на Шермити кој беше прв напаѓач во тимот на тренерот Мекинес, па и статусот на Македонецот се промени.

Во минатото коло Миовски беше херој со голот во завршницата за победа и сега пред големото дерби доби големи пофалби.

„Бојан е полн со самодоверба, среќен сум што имам играч во тимот со такво искуство. Подолго време се очекуваше да замине некаде каде што ќе игра редовно, но такви промени во фудбалот се случуваат. По повредите, вистински дар од Бога е што го имам во тимот и верувам ќе има важна улога до крајот на сезоната“, изјави Мекинес.

Дербито помеѓу Ренџерс и Селетик е закажано за утре во терминот од 13:00 часот.